Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање на теми од сексуално и репродуктивно здравје во соработка со Министерството за образование и Министерството за здравство.
Предавањата се одвиваа за време на класните часови и ги опфати учениците од сите класови од четирите наставни години. Предавачи беа лица ангажирани од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, д-р Даниела Чингоска која имаше предавање на тема „Контрацепција“, додека д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска одржа предавање за „Сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА“.
На учениците им беше укажано дека во постојан пораст се инфекциите кои се пренесуваат преку сексуален однос, како гонореа, сифилис, ХИВ, кламидија, ХПВ и др. Понатака беа запознаени со начините на пренесувањето – трансмисија, најчести знаци – симптоми, што треба да се направи – третман, како да се заштитат и да се спречи – превенција од сексуано преносливи инфекции. Како препораки и заштита беа изнесени следните заклучоци: информираност и знаење, советување и посета на лекар, сексуални односи – на време, избегнување на повеќе сексуални партнери, комуникација со партнерот – искреност и доверба, тестирање за СПБ – за една или повеќе инфекции, правилно користење на кондом и превентивни вакцини.
На крајот од работилницата на учесниците им беше доделен едукативен материјал.
Ваквите едукативни предавања на теми за здраво живеење ќе продолжат и понатака за време на класните часови.