Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник „Браќа Миладиновци“ на СВП 2016

Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата. Жири-комисијата составена од Вера Чејковска – претседател и членовите Весна Мојсова-Чепишевска, Санде Стојчевски и Братислав Ташковски денеска на прес конференција го соопштија добитникот. Добитникот Иван Џепароски изрази благодарност за наградата и рече дека „Задоволството е поголемо што во жири комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградта „Димитар Митрев“ за…

повеќе...

„Охридска поетска китка“ во понеделник во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид во понеделник (7-ми март), со почеток во 11: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“. На настанот ќе учествуваат Вера Попоска, Елена Ангелоска, Марија Младеноска,  Мерсиха Исмајлоска, Наташа Митреска, Розе Костеска, Зорица Илијоска и Маја Мојсова.

повеќе...

Конкурсот „Млади поети“ продолжен до 2 ноември

Конкурсот „Млади поети“ за прв пат беше објавен на 09 октомври 2015 година со цел поттикнување на младите луѓе креативно да се изразат и да ги покажат своите поетски творби пред јавноста. Во досегашниот период до Агенцијата за млади и спорт пристигнаа поголем број на поетски творби, при што поради овозможување на учеството на поголем број на млади луѓе и нивно поттикнување да бидат дел од овој конкурс, Агенцијата за млади и спорт одлучи истиот да биде продолжен до 02 ноември 2015. Делата треба да се достават на следната адреса:…

повеќе...

Утре ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 на СВП

Утре на прес-конференција ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година на 54-те Струшките вечери на поезијата. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се книгите „Киноутро“ на Јовица Ивановски, „Слики“ Гордана Михајлова-Бошнаковска, „Се случува вечноста“ на Радован Павловски“, „Година без лето“ од Вилоета Танчева-Златева и „Премостување на мигот“ на Тодор Чаловски. Во рамките на фестивалот авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ вчера го претставија своето творештво, а најдобрата книга…

повеќе...

Лауреатот на СВП, кинескиот поет Беи Дао пристигна во Струга

Добитникот на „Златниот венец“ на 54те Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао претпладнево пристигна во Струга. Беи Дао, кој во 2003 година беше учесник на Фестивалот, изрази задоволство што годинава учествува како лауреат на највисокото фестивалско признание, но и што ќе има повторно можност да се сретне со големи поетски имиња од целиот свет. „Дефинитивно наградата е многу важна за мене, но многу поважен е поетскиот фестивал кој продолжува да влијае и да ги оформува луѓето. Ова е еден од најстарите поетски фестивали во светот“, изјави Беи Дао…

повеќе...

Со работилница за деца и неделата на поетски и документарни филмови почнува неофицијалниот дел од 54. Струшки вечери на поезијата

Со работилница за деца „Како настанува книгата“ денеска почнува неофицијалниот, пред фестивалски дел од програмата на 54. Издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата, чиј официјален дел ќе се одржи од 26-ти до 31-ви август во Струга. Во рамките на Фестивалската програма вечер ќе биде отворена неделата на поетски и документарни филмови посветени на поезијата, што ќе се реализира во соработка со Фестивалот на поетски филмови „Зебра“ од Берлин, Германија. Покрај изборот од неколку кратки поетски филмови вечерва ќе биде прикажан и документарниот филм „Звуците на Ариранг“ посветен на добитникот…

повеќе...

Заврши 27-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Годинешното дваесет и седмо издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово заврши со промоција на зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот. На промоцијата гостуваа поети од Црна Гора и Бугарија. Оваа автентична манифестација што започна во петокот, а е поддржана од општина Охрид, беше посветена на делото на македонскиот поет, прозаист и критичар Веле Смилески, а беше отворена и ликовна изложба на Литов Намдагјанчивин од Монголија. Дводневната манифестација за отворена ја прогласи заменик градоначалникот на…

повеќе...

По 27-ми пат Поетска ноќ во Велестово

На 14-ти август во охридското село Велестово, на сред село, со почеток во 21:30 часот, по 27-ти пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на Веле Смилевски. За неговото творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид. Традиционално, покрај поетскиот портрет на еден наш истакнат поет, ќе биде одржана и ликовна изложба. Годинава во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики ќе се престави…

повеќе...

„Охридска поетска китка“ во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид утре ( петок), со почеток во 12: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“. На настанот ќе учествуваат Елена Ангелоска, Даниела Илијоска, Зорица Илијоска, Роза Костеска, Наташа Митреска, Маја Мојсова и Жаклина Ристоска.

повеќе...