Поради обилни врнежи од снег, кој се задржува на коловоз, во 20:00 часот повторно е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Забраната за движење на тешки товарни возила на крак Маврово-Дебар е сеуште активна.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево, но не се задржува на коловозoт. Магла со видливост до 100 метри има на планискиот превој Плетвар..