Во Египет почина 12 годишен ученик кој бил претепан од неговиот наставник

Едно 12 годишно момче од Каиро почина откако пред неколку дена било претепано од неговиот наставник. Според форензичарите, ученикот имал повреди на главата и крварење во мозокот.

Насилниот наставник е суспендиран, а во тек е итна истрага за утврдување на околностите за овој случај.

Во египетските школи вообичаено е физичкото казнување на учениците.