Грст награди и признанија за охридските Бреинобреин генијалци

На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7-ми март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат, танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на БРЕИНОБРЕИН програмата за Европа, Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот беше истакнат како позитивен пример на успешен и напреден бреинобреин центар во овој дел од Европа. Особена беше гордоста кога на БОБ-Црвен крст Охрид центарот и на децата учесници на Бреинобреин фестивалот во Хрватска им беа доделени посебни награди и признанија.