Заев: Ќе поднесеме кривична пријава за смислено нудење поткуп

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите, истакна:

„Ставот мој, на Социјалдемократскиот сојуз и на опозицијата е јасен, кога се работи за судството односно правосудството и обвинителството во Република Македонија – уште еднаш напоменувам, дека денеска сме овде присутни за да потврдиме дека го почитуваме законот и Уставот и да оставиме трага од сите овие процеси.

Напоменувам дека се надевам, дека ќе се одважат поединци во Јавното обвинителство и судството да судат и да носат услуги исклучиво по закон и Устав, ниту повеќе ниту помалку.

Напоменувам дека знам дека најголем број од луѓето вработени во обвинителство и судство се чесни луѓе, еден дел се под притисок и еден многу мал дел се директни извршители и соучесници со извршната власт за незаконски дејствија.

Денеска нема да ги коментирам разговорите во обвинителството, заради тоа што сакам да останам на тоа што го зборувам, да го почитувам процесот.“– истакна Заев.

Извор: www.sdsm.org.mk