Кривична пријава за тетовец кој ограбил жител на струшко Подгорци

Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (35) од Тетово.

На седми февруари оваа година, пријавениот искористил згодна прилика и од џебот на И.А (78) жител на струшкото село Подгорци одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари.

Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга каде И.А. ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот.

И.А. кражбата веднаш ја пријавил во полициската станица во Струга каде набрзо извршил фотографско препознавање на можниот сторител на кражбата.

Џ.С. е лице познат извршител на вакви кривични дела против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични пријави.