ОО на ЛДП Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели:
„Во текот на вчерашниот ден советникот од редовите на ЛДП Дејан Блажески постави прашање до Градоначалникот, кое се однесуваше на давање информација за тоа кој ќе гради кај Плаошник, имајќи предвид дека оваа информација ја немаше на официјалниот сајт на општина Охрид. Меѓу другото, новинарите кои работеа на оваа тема, многу добро знаат дека оваа информација недостасуваше на официјалната страна на општина Охрид. Веројатно водени од девизата дека искреноста и наивноста се поклопуваат, се излажавте или ве излажаа.
Прашуваме дали станува збор за добро познатата реченица која јасно кажува дека не паѓа снегот за да го покрие брегот, туку ѕверките да остават трага? Скоро сите траги ги покривте, но ете една заборавивте. Заборавивте дека пребарувачот Google cachе памети се.
Ви атачмент Ви ги доставуваме printscreen од двете фотографии од официјалната стрна на општина Охрид.
Повеќе од јасно е дека на втората фотографија е додадена речницата за тоа кој е купувач на земјиштето. Пред фактите и боговите молчат. Напоменуваме дека станува збор за официјалната веб страна на Општина Охрид, и оваа измена веројатно е направена со намера да се наштети не само на опозицијата туку на граѓаните. Ваквото моделирање на официјалниот сајт за дневно поентирање на Градоначалникот задира во правните процедури. Вакавите изјави кои се несериозни, зачинети со иронија, малициозност, потценување значат замајување на граѓаните и оттаму потекнува, најголемата, покрај правната, а таа е морална одговорност.
Како носител на јавна функција бараме од Вас како Градоначалник веднаш да го проверите и да предложите истрага за случајот, со цел лоцирање на одговорност и да утврдите кој од вашето опкружување се обидел да го намести вашиот одговор, нормално, доколку за ова и Вие не сте знаеле. И во двата случаеви, после таквата изјава, неважно дали е резултат заради нефункционирање на службите или пак станува збор за подметнување од нечија страна и ваша наивна презентација на не/фактите бараме извинување до граѓаните заради нивно ставање во заблуда, како и кон новинарите кои присуствуваа на вашата вчерашна пресконференција.
Без оглед на се, ова ќе помине, но веројатно ќе остане срамот и циничната насмевка. Прашуваме колку пати вака доколку знаевте лажно сте се смееле г-дине Градоначалник? – Ние Ви простуваме, се надеваме дека истото ќе го сторат и охриѓани. Потенцираме дека овде ја завршуваме преписката се додека не излезете со разрешница, нечија одговорност и Ваше извинување. Потенцираме, дека фотографиите се автентични со целата одговорност.“– се вели во соопштението на ОО на ЛДП Охрид.