Интензивни подготовки за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“

Учениците од ОУ „Живко Чинго“, с. Велгошти, Охрид, заедно со своите наставници – ментори интензивно се подготвуваат за одбележување на патрониот празник на ова училиште. Свечената прослава ќе се одржи на 20-ти март (петок), со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

На свечената прослава свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки. Оваа прилика директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски ќе ја искористи за доделување награди на најуспешните ученици и благодарнци на заслужни субјекти.

ОУ „Живко Чинго“ оваа година одбележува 139 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште произлегле и многу успешни граѓани во Република Македонија.

WebOhrid