По повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите на 19 март 2015 година (четврток) во 12 часот ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет томови од овој автор, што ги објави Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. На свечениот чин воведен збор ќе има акад. Владо Камбовски, претседател на МАНУ, а делата ќе го промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, главен уредник на изданието. Во оваа пригода ќе биде организирана изложба на објавените дела на Ристовски, која ќе ја отвори акад. Витомир Митевски.