Пронајден леш во близина на струшкото село Драслајца

На 16-ти март, во 16,45 часот во село Драслајца-Струга, на местото викано „Дупки“, поточно во коритото на реката „Сатеска Река“, на потегот од Струга кон село Драслајца, случаен минувач, забележал леш во фаза на распаѓање. Увид на лице место извршиле Јавниот Обвинител и екипи од СВР-Охрид и Полициската Станица -Струга. По наредба на ЈО, лешот е пренесен во Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.