Кражба во црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар

Три засега непознати лица рано утрово се обиделе да извршат кражба на икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар. Полициската патрола од полициската станица во Дебар утрово во 03 часот и 10 минути на ул. Павле Џиковски“ ги забележала тројцата непознати како во возило марка „Голф“ со дебарски таблици ставаат повеќе предмети.

Полициските службеници ја спречиле кражбата но трите лица сепак успеале да избегаат кон боровата шума над населбата „Варош“ по што, при преглед на патничкото моторно возило „Голф“ пронајдени се 10 икони. Дополнително при преглед на теренот во близина на црквата Св. Успение на Пресвета Богородица, пронајдени се уште 11 икони.

Сите икони потекнуваат од црквата Св. Успение на Пресвета Богородица, каде што засега непознатите лица, употребувајќи подвижна дрвена скала преку ѕид влегле во дворното место на црквата, а по тоа истата скала ја употребиле за влегување преку прозор во внатрешноста од каде противправно ги одзеле црковните икони.

Полициската станица од Дебар презема натамошни мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите на вандалскиот чин.