ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти со свеченост ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, утре (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот  празник на училиштето.

На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки.

Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти.

ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 139 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште произлегле и многу успешни граѓани во Република Македонија.

WebOhrid