Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели

Актуелната политичка криза во Македонија, нефункционалноста на државниот систем, урнисаниот правен поредок и рефлексијата на овие состојби врз европските перспективи беа теми на денешната средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Р.Италија во Р.Македонија, Масимо Белели.

„Обелоденетите докази ги потврдија сите загрижености нотирани во домашните и меѓународните извештаи, на ЕУ, САД, ОБСЕ, последно и на ООН, за урнисувањето на правната држава и за загрозените човекови права во Република Македонија. Директна потврда за автентичноста на објавените разговори и за влијанието на извршната власт на Никола Груевски врз судството денеска дојде од поранешниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски. За сите веќе е кристално јасно дека во Македонија нема независен правосуден систем и дека нема правда. Институциите се окупирани од мала група на чело со Груевски и се принудени да работат исклучиво за нивните лични и бизнис интереси. Оваа власт повеќе нема легитимитет. Решение е преодна Влада што ќе овозможи враќање на слободата и демократијата во Македонија“, рече претседателот Заев.

На средбата стана збор и за можностите за излез од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Република Македонија.

ZaevBeliliSDSM2