Изложба по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“

Во Галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ од викендов, за прв пат на еден патронен празник, е отворена ликовна изложба по повод патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

„Изложбата, во чест на великанот Живко Чинго,  ја подготвија ликовни педагози и слободни уметници, таленти. Се покануваат сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата во наредните 5 дена во изложбениот салон во Центарот за култура“, – изјави директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски.

Изложбата ќе биде отворена до петок, 27-март.

WebOhrid