Ѓуровски: Храбро, борбено, агресивно

Фудбалската репрезентација на Македонија денес одржа прес-конференција. 

„Ќе се бориме да победиме за да бидеме пред Белорусија во квалификациската група за ЕУРО 2016. Мораме да бидеме единствени, храбри и пожртвувани. Најискусните во тимот веројатно ќе треба да го понесат и најголемиот товар, и со својот пример и залагање на теренот да ги мотивираат и останатите наши фудбалери. Ме радува тоа што технички и тактички го одработивме на тренинзите, посебно односот на играчите од средниот ред и нападот. Се надевам дека и дефанзивниот дел од екипата ќе биде концентриран и на висина на задачата. Жалам што Адеми поради повреда не е во тимот, неговото отсуство, е поголем проблем во однос на отсуството на Марио Ѓуровски, но на тие работи не можеме да влијаеме и да ги смениме, и го прифаќаме тоа што го имаме. Очекувам да бидеме офанзивни, брзи и поагресивни од противникот“. – изјави селекторот Ѓуровски.

Ванче Шиков, еден од најискусните во нашиот тим, изјави дека, ни претстои тежок натпевар, ќе дадеме се од себе да одиграме борбено и мотивирано, доколку победиме, веројатно можеме да се надеваме и на уште поголеми понатамошни успеси.