Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-додадената вредност во земјоделството во 2013 година изнесува 49 670 милиони денари и во однос на 2012 година бележи номинален раст од 15.9%. Раст е забележан и кај земјоделската „деловна гранка“ од 9.5% во однос на 2012 година.
Растителното производство во 2013 година (кое во вкупното производство учествува со 69.1%) бележи раст од 9.6% во однос на 2012 година. Вредноста на добиточното производство (кое во вкупното производство учествува со 21.7%) порасна за 2,7% во однос на 2012 година.
Меѓуфазната потрошувачка во 2013 година бележи пораст од 1,7% во однос на 2012 година. Номиналниот и реалниот доход во земјоделството од производните фактори, по работна единица, во 2013 година бележат пад и тоа: 1.3% кај номиналниот и 5.2% кај реалниот доход од производните фактори.