Утре суво и потопло, во недела дожд и снег

Во Македонија утре се очекува стабилно, суво и потопло време. Во недела и во понеделник под влијание влажен бран од Медитеранот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места од дожд и снег, соопшти УХМР.

Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе мета ќе наврнат над 30 л/м2.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Според агрометеоролозите, временските услови и во наредниот период не нудат ништо позитивно за земјоделското производство. Вегетацијата доцни, развојот на пчелните семејства е забавен, а пролетната сеидба се уште не е отпочната на сите места. Роковите течат, но со мали шанси да е преземат соодветни мерки за реализирање на сеидбата.

Извор: Нет Прес