По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вечерва присуствуваше на Велигденска воскресна миса во католичката црква „Пресветово Срце Исусово“ во Скопје.
Во присуство на голем број верници, со Велигденската миса служеше бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.