Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Се очекува, во вечерните часови врнежите од дожд да преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови.

Облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во наредните два дена.

Од четврток следува период на стабилно време, со ниски утрински температури, а дневните ќе бележат значителен пораст.