Со цел одбележување на 6-ти Април, Меѓународниот ден на спортот, наставникот по физичко и здравствено образование, Зоран Целески и одделенските наставници од ОУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани активно се вклучија во неговото одбележување.
Наставниците на своите ученици уште еднаш им предочија дека физичката активност, играта и спортот се неопходни за правилен физички, ментален, психолошки и социјален развој на децата.
За таа цел во училишната сала се презедоа и организираа низа активности од типот на елементарни игри и меѓуодделенски натпревари во кои беа вклучени сите ученици од одделенска и предметна настава.
„Учениците за време на активностите беа максимално активни, покажаа голем натпреварувачки дух и фер-плеј однесување. Сите игри и меѓуодделенски натпревари што беа организирани поминаа во спортска и весела атмосфера.
Со тоа покажавме дека најважно од се е да се дружиме, да спортуваме и физички да сме што поактивни дека само така ќе имаме среќно детство и светла иднина. Спортот и играта се предуслов за здрави генерации.“-велат од училиштето.