СДСМ: Докази за насилствата на Талески и власта на Груевски врз битолчани

Претседателот на ОО СДСМ Битола и пратеник , денес одржа прес-конференција, на која истакна:

„Проектот Вистината за Македонија продолжува. И Битола се вклучува во враќањето на слободата, демократијата и правдата во нашата држава.

Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“.

На почеток ќе се потсетиме на еден веќе објавен разговор. Не поради погрдните зборови од Јанкуловска и Ставрески за Градоначалникот Талески. Тие нам не ни доликуваат и нема да ги споменуваме. Ќе се потсетиме заради признанието на Ставрески дека договорот којшто Талески го склучил со „Транскоп“, за превоз на ученици, е „коруптивен до даска“, со договорени цени „десет пати повисоки“, за што СДСМ веќе поднесе и кривична пријава против Талески.

Еве го тој разговор.

Во следниот разговор ќе слушнеме што мисли првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски, за Градоначалникот Талески. Како Илиоски, во разговор со Миле Јанакиески, се жали за паѓањето на рејтингот на Талески, дури 13% за само два месеци. Во разговорот Јанакиески потврдува дека Талески слабо работи а Илиоски пак се прашува што правел Талески цели четири години.

Да го слушнеме вториот разговор за денес:

Битолчани знаат дека подземјето на ВМРО-ДПМНЕ во градот е поделено на два табори.

Следува сет од два разговори помеѓу Владимир Талески и Влатко Мијалков.

Во првиот разговор од овој сет јавноста ќе слушне како Талески лобира кај Влатко Мијалков да се отстранат луѓето од спротивниот табор, мислејќи на тогашниот Началник на НТШ во Битола, Кире Божиновски – Катангата. Талески вели дека овие луѓе „имаат краток спој во мозокот„ и дека се „рекетари првокласни“.

Во вториот разговор Талески се жали дека нема ни „П“ од полиција во Битола за да го оцрни спротивниот табор. Според него, во сите гнасни работи во Битола учествуваат токму овие луѓе. Влатко Мијалков упорно го убедува Талески за ваквите состојби да ја извести Јанкуловска.

Слушнете ги и овие разговори:

Граѓаните знаат дека во време на овој разговор, тогашниот Претседател на Основниот суд во Битола е всушност близок роднина на споменатиот Кире Катангата. Јасно е како функционирале некои работи во Битола.

Следува сет од разговори за изборни нерегуларности, притисок врз приватни фирми и партиски вработувања. Ниту Битола не била поштедена од упадите на Миле Јанакиески.

Првиот разговор од овој сет е помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески. Јанакиески се жали дека приватна компанија „Марди“ му прави проблеми и веднаш додава дека знае што да направат. „Ќе го затвориме“ вели Јанакиески и покрај тоа што има голем број на вработени. А Талески пак дава предлог решението да биде исто како со Велија.

Вториот разговор од овој сет е помеѓу Влатко Чингоски, тогашен директор на ЕЛЕМ и Владимир Талески. Замислете, Чингоски бара од Талески да ја провери можноста 20-тина граѓани да гласаат на две места за време на изборите во 2011 година. Скандалот е поголем со признанието дека вакви изборни манипулации се правеле и во 2009-та година. Целата незаконска постапка оди преку познатиот бизнисмен Силјан Мицевски, попознат како „Битолчанецот“ во дел од веќе објавените разговори.

Во третиот разговор од овој сет, Чингоски директно разговара со Силјан Мицевски, сопственик на приватната фирма ГП „Пелистер“. Од позиција директор на ЕЛЕМ, Чингоски имал список на лица вработени во фирмата на Мицевски за кои вели дека не се сигурни за гласање. Чингоски бара Мицевски да ги убеди да гласаат, во спротивно се согласува да бидат избркани од работа.

За битолчани не е изненадување зошто Силјан Мицевски одработува за ВМРО ДПМНЕ. Во последните 4 години, ГП Пелистер, преку ЕЛЕМ и РЕК Битола има добиено тендери и бизниси во вредност од над 110 милиони евра.

Четвртиот и последен разговор од овој сет покажува како во државната компанија ЕЛЕМ се вработуваат луѓе исклучиво по партиска директива. Тоа е целата иронија на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна немилосрдно затвораат приватни фирми и бркаат вработени од работа а од друга страна во државните фирми се вработуваат луѓе исклучиво по партиски список.

Јавноста ќе слушне како Мартин Протуѓер бара од Чингоски да се вработат 9 луѓе по препорака на партијата, или по список, како што му пратила кадровата комисија.

Да ги слушнеме овие четири разговори:

Освен упадот по фирмите и администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ не го поштедила ниту Универзитетот во Битола. Следува разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Од позиција министер за внатрешни работи Јанкуловска бара да се промени одлуката, актуелната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски, да биде избрана за Продекан на Факултетот за безбедност. Замислете, Јанкуловска лично бара Ременски да не биде избрана за продекан само затоа што била најголем критичар на владата.

Јавноста ќе слушне како Божиновски и Јанкуловска велат дека „го пеглале“ ректорот Златко Жоглев.

Слушнете го овој разговор:

Во последниот сет од четири разговори ќе слушнете потврда на се она што сме го говореле за лустрацијата. Дека процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците. Дека целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, коишто и пречат на актуелната власт.

Во првиот разговор од овој сет ќе слушнете како лустраторите од комисијата за лустрација, или како што вели Јанкуловска „Томе, со таа бандата“, биле повикани во кабинетот на Никола Груевски.

Во вториот разговор, помеѓу Никола Груевски и Гордана Јанкулоска, ќе слушнете како заклучокот на претседателот на Комисијата за лустрација, битолчанецот Томе Аџиев, се усогласувал со Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на Никола Груевски.

Слушнете ги овие два разговори:

Последните два разговори коишто ќе ги слушнеме денес се помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти. Овие разговори потврдуваат се’. Ќе слушнете како Милошоски договара со Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација.

Во вториот и последен разговор се’ станува јасно. Лицето за кое Милошоски бара да биде спроведена постапката за лустрација е всушност судија од Кичево. Замислете, причината, како што вели самиот Милошоски, е затоа што судијата правел многу големи проблеми за власта во Кичево.

Еве ги и последните два разговори:

Почитувани граѓани, драги битолчани.

Вистината за Македонија носи нова енергија, ново светло за идината на Македонија.

Да не дозволиме повеќе ова зло, оваа катастрофа за Битола и за цела Македонија да се повтори.

Продолжуваме . . .“– рече Ковачевски.

bomba19

Извор: www.sdsm.org.mk