Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во изјава за медиумите истакна:
„Со мојата изјава којашто денеска ја дадов пред Обвинителството за сомневање за насилство врз претставници на високи државни органи, заврши фазата на давање изјави на осомничените лица. Вчера преку изјавата, Зоран Верушевски и денеска преку мојата изјава, јас како Зоран Заев, поднесовме на Записник, Кривична пријава, против Сашо Мијалков и Никола Груевски, за кршење на Уставот и законите на Република Македонија, злоупотребувајќи ја својата позиција како премиер и директор на Управа за разузнавање и контраразузнавање, при што нанесувајќи огромни штети врз Република Македонија и граѓаните на Република Македонија.
Со тоа очекуваме дека Обвинителството, ценејќи ги сите докази, ценејќи ги сите искази коишто се дадени од сите учесници во постапката, ќе го прекине процесот којшто се води против Зоран Заев, Зоран Верушевски и другите двајца осомничени и очекуваме да отпочне процес за кривична истрага против Никола Груевски, Сашо Мијалков и други осомничени лица.
Оттука се очекува процесот на водење на истрага за евентуален “пуч“ против Република Македонија, да се отвори во правен процес “Вистината за Македонија“. – рече Заев.
Извор: www.sdsm.org.mk