Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (53) од охридското село Косел.
На шести овој месец, пријавениот во СВР Охрид пријавил кривично дело „тешка кражба“ извршена во неговиот дом во селото Косел кога, според неговото кажување биле одземени 10000 евра и постелнина. Според пријавителот, кражбата била извршена истиот ден околу 15 часот и 30 минути кога при доаѓање од работа забележал дека дворната врата и катинарот биле скршени а влезната врата од куќата била насилно отворена. Од спалната соба му биле одземени јамболии, ќилими, ќебиња како и една акт ташна во која чувал 10000 евра.
По преземени оперативни мерки за реализација на пријавеното кривично дело, СВР Охрид констатира дека сега пријавениот И.Т. извршил лажно пријавување на кривично дело односно пријавил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека тоа дело не е сторено.
Сега пријавениот И.Т. „кражбата“ на покуќнината и парите во износ од 10000 евра кои воопшто не ги поседувал, ја пријавил со цел да ги заплаши и да им влее страв на сторителите на кражби од куќи и станови кои користеле насилни методи. Со тоа сакал во иднина да ги спречи во таквите нивни намери но и да не се случуваат такви кривични дела.