ЈП „Билјанини Извори“ и СРЦ „Билјанини Извори“ денес беа домаќини на уште два спортски настани, едниот во фудбал другиот во атлетика. Имено на помошното игралиште за фудбал со вештачка трева се одржа „Кока Кола“ Куп во кој учествуваа неколку основни и средни училишта од Охрид додека на атлетската патека на градскиот стадион се одржа државното првенство во атлетика за сениори.
ЈП „Билјанини Извори“ од ден на ден се повеќе ги отвара вратите за спортските настани во сите спортови и за сите категории, како рефлексија од континуираното вложување во спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието.