Зголемен прометот во индустријата во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, изнесува 111.5.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во февруари 2015, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 6.6%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 16.8%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст од 5.5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.8%.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.8%, Капитални производи за 24.2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 97.0%.

Индексот на прометот во индустријата во февруари 2015 година, во однос на јануари 2015 година, изнесува 102.0, додека во периодот јануари-февруари 2015 година, во однос на периодот јануари-февруари 2014 година, изнесува 108.5.