Полициската станица од Дебар, интензивно работи на пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „тешка кражба“, кој од куќа во Дебар, според пријавата на оштетениот сопственик, одзел 19.700 евра и златен накит.
Кривичното дело, во полициската станица во Дебар е пријавено во текот на вчерашниот ден од Б.И. (48) од Дебар сопственик на куќата кој со семејството е на привремена работа во Италија. Според поднесената пријава, казненото дело тешка кражба била извршена во периодот јануари-април оваа година.
Засега непознатиот сторител, со употреба на скала се искачил до прозорецот од купатилото на задната страна од куќата, по што влегол во внатрешноста и започнал со пребарување низ собите. Во спалната соба тој го отстранил огледалото зад кое пронашол метална каса вградена во sидот и со помош на погоден алат ја откорнал. Потоа незабележан од никого повторно преку задната страна од куќата избегал.
На местото на настанот, полиската станица од Дебар изврши криминалистичко-технички увид, а во тек се интензивни оперативни мерки за пронаоѓање на сторителот и реализација на ова кривично дело.