Утре прекин во водоснабдувањето на улица „Живко Чинго“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека утре, среда 22-ри април, поради промена на главен водоводен вентил ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Живко Чинго“ во период од 09:00 до 12:00 часот.