Се гради атмосферска канализација во населбата Даљан

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручните служби на Локалната самоуправа денес направија увид на динамиката на работите каде во тек се неколку градежни активности кои се одвиваат во Охрид и околината. Тие ја посетија и населбата „Даљан“, каде денес започна изградбата на атмосферска канализација.

Во населбата Даљан деновиве отпочна уште еден значаен проект на Локалната самоуправа, изведување на атмосферска канализација во неколку улици почнувајќи од улица Сатеска, потоа Мича Гилиќ, Трајче Трајчески и уште неколку краци на овие улици кои што ја опфаќаат целата населба Даљан. Во изминатите години од оваа населба мака мачеа со водите при обилните врнежи, со поплавите, за жал коишто ги имавме и оваа година и голем дел од граѓаните кои живеат во овој регион, значи и во зградите, и во куќите, за жал беа поплавени нивните подруми. Се надеваме дека со овој мошне значаен проект еднаш засекогаш ќе завршат маките на граѓаните од оваа населба, со реазлизација на атмосферска канализација во сите овие улици иивните краци.“– истакна Бакрачески.

Според проектот атмосферската канализација предвидено е да се изгради во должина од 1025 метри. Покрај атмосферската канализација ќе бидат изградени соодветни сливници на тротоарите и шахти. Како што рече Бакрачески, веднаш потоа ќе се пристапи со реконструкција на тротоарите, потоа асфалтирање и финализација на улиците и тротоарите, што ќе има вкупна вредност од околу 5 и пол милиони денари.

Претседателот на Советот на Месната заедница, Даљан, Горан Митрески му се заблагодари на градоначалникот за неговото присуство и за извршениот увид на работите во населбата Даљан.

„Ова е особено значаен проект за нас од овој дел на градот. Идејата на овој проект е да се одвелчат атмосферските води од дотокот во колекторскиот систем, а со тоа да се избегнат поплавите кои што се случуваат при секој еден пообилен дожд кој го зафаќаат нашиот град.“– рече Митрески.

Проектот кој е со вкупна вредност од околу 8 милиони денари, Локалната самоуправа планира да го заврши пред почетокот на летната сезона. Проектот е поддржан од Светска Банка.

WebOhrid