Индекси на работниците во индустријата во март 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2015 година, во однос на март 2014 година, изнесува 100.9. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи опаѓање од 4.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 1.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2015 година, во однос на март 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5%, Капитални производи за 15.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2015 година, во однос на периодот јануари – март 2014 година, изнесува 102.2.