Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, во соработка со СВР Охрид и Локалната Самоуправа реализираат проект „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“.
По повод денот на полицијата 7 – ми мај (четврток) во 10:00 часот, ќе се одржи завршна презентација на стекнатите знаења за безбедноста и за мојот пријател полицаец, низ музички точки, драматизации, стихови и пораки во објектот „Развигорче“.