Ученици од „Јахја Кемал“ на тридневна екскурзија во Истанбул

Деветтоодделенците од познатото основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, заедно со своите наставници ја реализираа традиционалната генерациска екскурзија во Истанбул, Република Турција.

Во рамките на тридневната екскурзија беа посетени речиси сите позначајни места од каде со фантастично-возбудливи и незаборавни спомени се враќаат и учениците и наставниците кои уживале во убавините на некогашниот Стамбол и уште додаваат: -Навистина беше фантастично!

WebOhrid им верува и на фотографиите кои ни ги доставија -проследете ги!

WebOhrid