Соопштение од Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија

Извршниот одбор на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), искажувајќи сериозна загриженост за длабоката државно-политичка и институционална криза во Република Македонија, раководејќи се од принципите на демократија, одговорност, граѓанско единство, мултиетничка солидарност и заложби за сеопшт просперитет на нашето општество, на седницата одржана на 28.04.2015 година донесе одлука, заради обединето делување и формално да им се придружи на политичките субјекти и невладините организации од Република Македонија кои недвосмислено се залагаат за следниве принципи и ставови:

  • неодложна политичка одговорност на креаторите на кризата; 
  • итно и целосно политичко разрешување на државно-политичката и институционална криза во Република Македонија, со формирање на „преодна влада“ во која нема да бидат ангажирани политички и професионално компромитирани личности;
  • преодната влада да добие мандат да го отпочне процесот за правно разрешување на кризата т.е. на извршените кривични дела во врска со истата;
  • итно прочистување на избирачкиот список и донесување измени во изборната легислатива со кои ќе се елиминираат можностите за било чиј „изборен инженеринг“,
  • за раздвојување на партиите од институциите на државата и за создавање систем кој ќе оневозможи злоупотреба на државните органи и институции; 
  • за независно, непристрасно и објективно судство во служба на граѓаните; 
  • за почитување на темелните уставни вредности и права на граѓаните; 
  • за слободни медиуми и критичка мисла;
  • за задолжителна конфискација на нелегално стекнатиот имот, како стандард кој ќе ја потсетува секоја владеачка гарнитура или бизнис група во Република Македонија дека корупцијата и криминалот не се исплатат;
  • за јасно и конкретно делување за интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО.