Од утре започнува реализација на проектот „Безбедни матурски прослави 2014/2015“

Утре, 7-ми мај во 11:00 часот Одделението за превенција при СВР Скопје, ќе започне со реализација на активностите поврзани по проектот „Безбедни матурски прослави 2014/2015“.

Основна цел на проектот, кој ќе се реализира во текот на месец Мај, е подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците – матуранти, за време на матурските прослави. Промоцијата на кампањата, како и понатамошните активности ќе траат до 9-ти мај.