Заев: Десет причини за истрага за смртта на Младенов

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев одржа прес-конференција, на која истакна:

Почитувани граѓани, претставници на медиумите,

Проектот Вистината за Македонија продолжува. Колку и да боли, колку и да е непријатна реалноста во Македонија, тажна, мачна, граѓаните мора да ја дознаат целата вистината. Интересот на граѓаните, на државата, е над се.

Криминалното владеење на Никола Груевски и неговите најблиски соработници е целосно разобличено. Излезе на виделина нечовечноста, суровоста, безчуствителноста на нелегитимната власт.

Денеска, јавноста ќе слушне уште една болна вистина, вистината за истрагата поврзана со смртта на великанот на македонското новинарство Никола Младенов.

Поминаа две години од трагичниот настан во којшто загина основачот и сопственикот на неделникот „Фокус“, новинарот Никола Младенов.

Неуморен борец за слобода, вистина и правда. Критичар на секоја власт. На овој голем човек Македонија му должи многу, не само заради неговиот огромен придонес во развојот на новинарството во нашата земја.

Затоа денеска, како што доликува за еден ваков великан, ќе презентираме повеќе докази, аргументи и факти за што би Ве замолил за внимание и трпеливост поради времето коешто го одвојуваме.

Доказите коишто ќе ги објавиме денеска јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов, случајно или намерно, власта на Никола Груевски ја водела непрофесионално, неодговорно, со намерно прикривање на клучни информации од јавноста.

Доказите и аргументите ќе покажат десет причини, зошто е неопходно да се спроведе вистинска истрага за смртта на Никола Младенов.

Јавноста и новинарите се сеќаваат дека Јавното обвинителство ја затвори смртта на Никола Младенов како несреќен случај, како трагична сообраќајна незгода, без да се поведе кривична постапка и отвори истрага.

На прес конференција на која учествуваа Гордана Гешковска, Марко Зврлевски, Гордана Јанкулоска и други претставници на МВР, одржана на почетокот на јули 2013 година, покрај причината за смртта, повреда од раскин на аортата, беа соопштени шест клучни работи:

– дека се отфрла судир со друго возило;
– дека не можело да се утврди каде бил Младенов пред трагичниот настан;
– дека не е пронајден телефонот на Младенов;
– дека на местото на настанот не биле пронајдени фискални сметки;
– дека телото на Младенов било пронајдено на 7 метри од возилото;
– дека причината за несреќата е неприлагодена брзина на автомобилот кон условите на патот;

Почитувани граѓани,
Од доказите и разговорите коишто денеска ќе ги објавиме ќе стане јасно дека ниту една од овие шест клучни работи не се точни.

Денеска, доказите и аудио разговорите ќе го отворат прашањето дали случајот Никола Младенов воопшто може да се затвори како трагична сообраќајна незгода или има доволно индиции да се покрене истрага, дали можеби некој ја предизвикал таа несреќа?

Да почитувани граѓани. Вистината за Македонија денеска ќе открие десет причини дека е неопходно отворање на истрага за смртта на Никола Младенов.

Започнуваме со сет од 6 разговори.

Првиот разговор од овој сет е помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер. Јавноста ќе слушне, од устата на Јанкуловска, дека лоцирањето на телото на Младенов било извршено со следење на сигналот од неговиот телефон и дека МВР го проверувала телефонот на Младенов.

Уште еден разговор, помеѓу Влатко Мијалков и засега непознато лице, го потврдува лоцирањето на телото на Младенов со следење на сигналот од мобилен телефон.

Па нели јавноста беше информирана дека не е пронајден телефонот на Младенов?

Како е можно телото на Младенов да било пронајдено според трагањето по сигналот од неговиот мобилен телефон а тој телефонот никогаш да не биде пронајден?

Што крие телефонот на Младенов?

Да. Мистериозното исчезнување или ненаоѓање на телефонот на Младенов е првата причина за отворање на истрага за смртта на Никола Младенов.

Во разговорите кои понатаму ќе ги слушнеме се потврдува дека истражниот судија, кој бил назначен да го води случајот Младенов, за прв пат работел на ваков случај и немал искуство. Како што вели Јанкулоска во еден од разговорите, тој бил „од Општински“, мислејќи на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Помошникот на Јанкулоска, Иво Котевски, признава дека истражниот судија направил утки во истрагата но замислете тоа според него не треба да се кажува во јавноста.

„На крајот на краиштата ние би требало да го покриваме со милион работи“ вели Котевски.

Иво Котески признава дека во МВР се некоординирани и дека УБК воопшто не соработувала со истражниот судија. Дури дека истражниот судија не знаел ни каде да го прати возилото на Младенов на вештачење.

Непрофесионалното постапување во случајот, несоработката на УБК, назначувањето на неискусниот истражен судија, се втората доволна причина да биде отворена истрага за смртта на Никола Младенов.

Да ги слушнеме овие разговори

Во претпоследниот, малку подолг разговор за денес, помеѓу Гордана Јанкулоска и нејзиниот помошник Иво Котевски се откриваат повеќе клучни докази за овој случај коишто откриваат сериозен сомнеж.

Во овој разговор јавноста ќе слушне како Котевски ја информира Јанкуловска дека на задниот дел од автомобилот на Младенов имало, како што вели, „некаква боја“ за којашто вештаците на МВР наводно не можеле да кажат колку е стара.

Скандалозно е однесувањето на Котевски и Јанкуловска во однос на оваа многу важна информација којашто фрла сенка и сомнеж за целиот случај.

Ќе слушнете како Котевски вели дека таква информација не треба да излезе во јавноста затоа што тоа, според Котевски можело да направи многу забуни. Јанкуловска, од позиција министер за внатрешни работи, сосема лежерно се сложува со Котевски информацијата да се чува во тајност.

Пред да го слушнеме разговорот ќе презентираме СМС комуникација помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски. Од оваа порака станува јасно дека и лично Никола Груевски бил запознаен со клучната информација којашто била сокриена од јавноста.

На 3-ти април 2013 година, Јанкулоска го информира Груевски:

„Денес во 14 ќе дојде истражниот во МРВ да му го објаснат кримтехничкиот извештај. Има една незгодна работа, на колата има малку боја од друга кола. За беља на судијава ова му бил прв случај и нашиве луѓе викаат дека баш не се снаоѓа најдобро.“ му пишува Јанкулоска на Никола Груевски.

smsJankulovskaGruevski

Зошто оваа информација, дека има траги од друго возило на автомобилот на Младенов не е споделена со јавноста треба да одговорат Јанкулоска и Никола Груевски?

Кријат ли овие траги нешто друго?

Да. Трагите од боја на задниот дел од автомобилот на Младенов се трета, клучна причина за отворање на истрага. За ова ќе зборуваме понатаму во денешниот прес, со нови докази коишто ќе ги презентираме во јавноста и коишто ќе ја заокружат цела суштина.

Во еден дел од разговорот јавноста ќе слушне како Иво Котевски признава дека за време на увидот, како што самиот вели, „не е се подигнато“. Мислејќи на фискалните сметки пронајдени од новинарот Томислав Кежаровски, кој тогаш пишува за весникот Нова Македонија.

За Котевски и Јанкулоска пронаоѓањето на фискалните сметки од патарините се неважни а траекторијата на движењето на Младенов не е информација којашто треба да ја дознае јавноста.
Иако, ќе слушнете од овој разговор признание од Котевски, дека фискалните сметки пронајдени од новинарот Томислав Кежаровски кореспондираат со утврдената траекторија на движење на Младенов, кое што МВР ја утврдило.

Котевски признава дека по локација на базните станици, УБК ја утврдило целата траекторија на движење на Младенов.

„Не е работа на јавноста каде возел Младенов“ вели Јанкулоска.

Значи МВР го знаела целото движење на Младенов, преку базните станици на мобилните оператори. Но зошто, со истиот метод, преку истите базни станици, не е спроведена истрага дали и други лица во одреден момент се нашле на исто место со Младенов? Овде се поставува и прашањето: Зошто со истиот метод не е истражуван случајот Смилковско езеро?

Зошто фискалните сметки од патарините, што ги пронашол новинарот Кежаровски и коишто кореспондирале со утврденото движење не биле причина за дополнителна истрага со кои луѓе се сретнал Младенов?

Со кого се сретнал таа вечер Младенов и дали тоа е поврзано со сообраќајката?

Фискалните сметки се четврта а утврдената траекторија на движење на Младенов е петта причина за отворање на истрага за смртта на Младенов.

Во дел од овој разговор, исто така, јавноста ќе слушне дека не работеле камерите на наплатните станици на патарините, како и на влезот во Скопје, кај населбата Ченто. Но јавноста ќе слушне дека оваа, исто така важна информација Јанкуловска сака да ја сокрие од јавноста.

Зошто МВР не спровела истрага од кои причини не работеле камерите на наплатните станици, на патарините? Коишто патем ги обезбедува агенцијата СГС зад која целосно стои Мијалков.

Што или кого крие неработењето на камерите?

Да. Неработењето на безбедносните камери е уште една, нова, шеста причина за отворање на истрага за смртта на Младенов.

Слушнете

Пред да преминеме на новите докази, ќе слушнеме еден разговор, исто така помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески.

До каде оди злобата, нечовечноста, безчувствителноста на првите соработници на Никола Груевски ќе слушнете во овој последен разговор за денес.

Потсмевајќи се, Котевски и Јанкуловска, преку црн хумор, се ситат и се изживуваат со смртта на Никола Младенов.

На новинари и уредници во медиуми се испраќале пораки „Кој е следниот“, „Виде ли што се случи со Николче“.

Иво Котевски се сетил дека за време на комеморацијата за Младенов некој требало да го праша новинарот Бранко Геровски дали му се напумпани гумите, за да не смее да влезе во кола.

„Дали Геро го испратил Младенов во смрт“ вели Јанкуловска.

Што да каже човек на оваа нечовечност, дрскост, безчувствителност. Но тоа е вистината и јавноста треба да ја дознае.
Овој разговор е важен и од еден друг аспект. На самиот крај од овој скандалозен разговор, Котевски потврдува дека следењето на телефонските комуникации не се прави само со судска наредба.

Да го слушнеме овој последен разговор за денес

Продолжуваме со нови докази.

Ова е Записникот, датира од 11 април 2013 година, од извршениот увид на местото на настанот каде што се случила сообраќајната несреќа на Никола Младенов, извршен увид на 27-ми март 2013 година.

Во официјалниот документ на Министерството за внатрешни работи се наведени дополнителни 4 клучни информации и факти зошто е потребна нова истрага за Никола Младенов.

Во овој Записник, на страна 2, во првиот пасус, стои дека Младенов возел по десната сообраќајна лента од автопатот Велес-Скопје, во насока кон Скопје. На страна 4 пак се наведуваат оштетувањата на предниот дел од возилото на Младенов, со што се потврдува дека возилото удрило со предниот дел во металната заштитна ограда.

zapisnik0705

zapisnikslika2

На оваа слика (слика 1) се гледа дека кривината во која навлегло возилото на Младенов е во лево, а видлив е и пробивот на металната заштитна ограда.

bomba30slika1

Доколку возилото се движело по десната лента, како што стои во Записникот, значи дека возилото ја совладало кривината. Во спротивно, требало да излета пред делот каде што е прекината оградата.

Дополнително, доколку возилото на Младенов навлегло со голема и неприлагодена брзина тогаш ќе било исфрлено во десно, со целата своја десна бочна страна и би гребело по заштитната ограда 30-50 метри. За такво нешто докази очигледно нема.

Експертското мислење на стручни вешти лица коишто ги консултиравме е дека возилото на Младенов или се движело по левата коловозна лента или помеѓу двете ленти и притоа наеднаш завртело во десно, пришто, со предениот дел удрило и ја пробило металната ограда (слика 2).

bomba30slika2

Во записникот од МВР никаде не пишува дека пукнала гума, па тоа да биде логична причина за нагло завртување во десно. Наместо удар на возилото со целата негова десна страна заштитната метална ограда согласно дејствувањето на центрифугалната сила со брзина на движење, возилото удрило со својата предна страна во заштитната метална ограда и притоа е оштетен целиот преден дел на возилото и предната регистарска табличка оставила траг на металната ограда.

Насоката на движење и ударот во заштитната ограда со предниот дел на возилото на Младенов е седма причина за нова истрага за смртта на Никола Младенов.

Да се навратиме повторно на трагите со црвена и црна боја коишто во еден од разговорите ги посочи Котевски, за што Јанкулоска го информираше и Никола Груевски преку СМС порака.
На страница 8 од Записникот на МВР исто така е наведено дека постоеле траги со црвена и црна боја, на заедниот дел од возилото на Младенов, на висина од 60-85 сантиметри.

Еве, на оваа слика, на идентично возило како она на Младенов, е означено тоа место сразмерно на висината на којашто биле трагите.

bomba30slika4

Црвената боја на задниот дел на автомобилот на Младенов, како што стои во овој Записник, „претставува црвена боја која се користи за заштита на метални површини и нема слој од заштитен лак кој е карактеристичен за автомобилските бои.“

За црната боја пак, исто така воочена на задниот дел од автомобилот на Младенов е утврдено дека „претставува траг од црн полимер“ (страна 9 од Записникот).

Факт е дека нема лак во секоја автомобилска боја туку тоа зависи од базата од којашто е направена бојата. Факт е дека во автомобилската индустрија црн полимер се користи за браници на оние возила коишто немаат браник во боја. Во поткрепа на ова е споменатата порака на Гордана Јанкулоска до Никола Груевски дека има траги од друга кола на возилото од Младенов.

Која е клучната забелешка овде? Што е сокриено? Постои голема веројатност, доколку возилото на Младенов било удредно во задниот дел, означен на оваа слика (3) возилото на поголема брзина да се заротирало со предниот дел во десно и да излетало од патот како што е прикажано на оваа слика (2).

Движењето на возилото на Младенов и трагите од боја во задниот десен дел од автомобилот се осма, најважна клучна причина за нова истрага за смртта на Никола Младенов.

Продолжуваме понатаму со доказите. Темелно, вимателно, како што заслужува великанот на македонското новинарство и борец за слобода. Ве молам за концетрација и трпение, уште малку.

На страна 5 и 6 од овој Записник стои дека не се најдени траги од крв на предното ветробранско стакло и стаклото на левата предна врата.bomba30slika6Дополнително, на страна 8 во Записникот е наведено дека на облеката на Младенов не се најдени траги од стакло.

Се поставува прашањето како излетало телото на Младенов и зошто тоа не е забележано? Дали поради нелогичноста што нема траги на крв или поради нелогичноста да нема траги од стакло?

Автомобилските безбедносни стакла се дизајнирани на тој начин да при удар се кршат на многу ситни делови. Логичен е заклучокот дека доколку Младенов излетал од возилото или ќе имало траги од крв или траги од стакло.

Исто така, на третата страна од овој Записник на МВР, е наведено дека усмртеното тело на Младенов било пронајдено на дури 22,5 метри од возилото. Од кои причини на споменатата прес конференција одржана во јуни 2013 година беше посочен сосема погрешен податок дека телото на Младенов било пронајдено на 7 метри од возилото?

Оддалечноста на телото од возилото и непостоењето на траги од стакло е уште една, деветта причина за истрага за смртта на Никола Младенов.

На страница 3 од Записникот на МВР е наведено дека за време на увидот на местото на настанот биле пронајдени и три фискални сметки.

И оваа информација, како многу претходно беше сокриена од јавноста?

Зошто Марко Зврлевски, од позиција Јавен обвинител, на 10-ти јули 2013 година, кога и официјално беше соопштено на јавноста дека случајот со Младенов се затвора како несреќен случај, изјави дека „на лице место не се пронајдени фискални сметки“?

Што се крие во овие фискални сметки коишто иако стојат во официјалниот Записник на МВР никој и никаде не ги споменува официјално?

Да почитувани граѓани, фискалните сметки се десеттата причина за нова истрага за причините за сообраќајната несреќа на Никола Младенов.

Почитувани граѓани,

Криминалната власт на Никола Груевски ја лажела јавноста, криела информации и не спровела истрага за случајот Младенов.

Дозволете во името на правдата, слободата, демократијата и правото на граѓаните да ја знаат целата вистина, јавно да дадам збор, ветување, пред се до семејството на Младенов и неговите колеги, дека по промената на власта во Република Македонија ќе биде отворена нова, независна, темелна, целосна истрага за смртта на Никола Младенов којашто ќе ги расчисти сите оправдани сомневања.

Истрага за Младенов треба да има и ќе има. Ви ветуваме дека правдата ќе ги стигне сите!

Слободоумни и демократски граѓани на Македонија „колку чини слободата“.

Ајде заедно да се избориме за враќање на слободата и демократијата за вакви „несреќи“, под наводници, да не ни се случуваат. Да не дозволиме на нашата земја, на Македонија да и се случуваат нови несреќи, нови трагедии.

Да не дозволиме ова зло никогаш повеќе да не се повтори.

Продолжуваме…“– истакна Заев.

Извор: www.sdsm.org.mk