Откако по четириесет години се реконструира и на ново се асфалтира патот Елешец – Елшани, деновиве надлежните ги тампонираа и проширените банкини. Со овој дополнителен проект, патиот доби нов лик, а и видлива и корисна проширеност со што и безбедноста ќе биде значително поголема.
Од извори во Елшани додаваат дека се задоволни со реализација на овој капитален проект, но предупредуваат дека тампонирањето може да попушти пред првиот пороен дожд и затоа со поголемо внимание треба да се пријде кон цврстината на тампонот за да не дојде до несакани последици!
„Впрочем, времето е најдобриот инженер кој во улога на супервизор ќе покаже шт0 е, а што не е квалитетно направено“ – велат елшанци.
WebOhrid/Фото: Дим Дон