„Генерална проба“ на матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Четири дена пред нивната официјално закажана матурска вечер која ќе се одржи на 19-ти мај, во вторник во хотелот Десарет, матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ веќе тренираат матурска забава во нивниот двор.

Весели и разиграни со сите музички реквизити, матурантите од електромашинскиот училишен центар од Охрид, под акордите на дувачките и ударни инструменти прават генерална проба на популарните ора и ороводни песни кои најверојатно ќе бидат дел од матурската забава во вторник.

WebOhrid им посакува незаборавна матурска вечер, и секако многу успех во натамошното школување.

WebOhrid