Деловни тенденции во градежништвото, прво тримесечје 2015

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2015 година е зголемен за 1.2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 2.3 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година.

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработени во наредниот период.

Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2014 година, оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за сегашната состојба со порачки (договори), исто така, е поповолнa во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2015 година се над нормалата.

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: немањето побарувачка со 21.6%, зголемените трошоци за материјали со 15.5%, конкуренцијата во сопствениот сектор со 13.1% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12.9 %