Ракометарките на Вардар СЦБТ го освоија Куп пехарот

Ракометарките на Вардар СЦБТ втора година по ред се победници на Купот на Македонија во женска конкуренција.

Вардар СЦБТ повторно за противник го имаше Металург, кој беше достоен противник само во првото полувреме. Разликата во квалитет беше очигледен, но и младите ракометарки на Металург покажаа борбеност и мотивираност до крај да му парираат на ривалот. На крајот Вардар СЦБТ забележа победа со резултат 34-16.