Шекеринска: Ја повикувам Владата ако има доказ за злоупотреба или криминал, веднаш да ме уапси

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска преку преку писмена изјава до медиумите вели:

„Од утре во 14 часот јас ќе бидам пред Владата на Република Македонија. Ја повикувам Владата на Груевски, ако има едно ливче, еден потпис, еден доказ за моја злоупотреба или криминал ВЕДНАШ да дојде да ме уапси! Ќе и бидам близу и не си заминувам брзо!“- вели во писмената изјава на Шекеринска.