Црвен крст Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“

Црвениот крст од Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе се реализира на 31-ви мај (недела) во Охрид. Екипите на Црвен крст Охрид утре од 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14:00 часот ќе се приклучат и „славејчињата“.

Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.