Ден на отворени податоци – почеток на Open Data Hackathon натпреварот

Како дел од заедничката иницијатива помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт, на 3 јуни 2015 година (среда), со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи Денот на отворени податоци – настан со кој ќе се означи почетокот на Open Data Hackathon натпреварот.

Во рамките на овој проект учесниците ќе можат да се запознаат со можностите каде и како да пристапат до отворените податоци, да разменат искуства, информации и идеи поврзани со начинот на нивното искористување, како и да чујат дел од предавањата и да учествуваат во отворената дискусија.

Настанот ќе се одржи во просториите на Seavus Education and Development Center (SEDC).

На натпреварот може да учествуваат индивидуални програмери, старт-ап компании, студенти (3/4 година студии).

Во меѓувреме, сите заинтересирани можат да ги погледнат објавените податоци на порталот – www.otvorenipodatoci.gov.mk, да ги преземат и да размислат за потенцијални апликации кои би биле изработени.

Натпреварот ќе биде отворен до 22 јуни, кога на слична сесија би се организирала презентација на апликациите и избор на победниците. За Топ 3 апликациите следуваат и вредни награди. За повеќе информации за натпреварот и правилата на натпреварот на следниот линк : http://1drv.ms/1LM26tf.

За време на целиот период, со поддршка на локалната група на корисници (Macedonian .NET User Group), во рамки на форумите отворени на нивниот портал за оваа намена, ќе може да се побара стручна помош, да се разменат информации, да се побараат совети, со цел да се помогне во развојот на апликациите. Групата ќе биде отворена на порталот www.mkdot.net.