Велосипедист загина при сообраќајна незгода кај Враништа

Вчера околу 11:00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар поточно во с.Враништа случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Волксваген Пасат“ со охридски регистерски ознаки и велосипед управуван од Михаил С. (79) од с.Враништа. Од незгодата Михаил се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош, но околу 17,30 часот истиот им подлегнал на повредите. Од страна на ПС„Струга“ и Ј.О. извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.