Утре двочасовен прекин во сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (вторник) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин од 14:00 до 16:00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).