Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2015 се издадени 210 одобренија за градење што е за 2.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 507 469 илјади денари што е за 80.0% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беа издадени одобренија за градење на останатите делници од новите 2 капитални проекта за автопати.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 127 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (20.0%) за објекти од нискоградба и 41 (19.5%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 210 објекти, на 115 (54.8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 објекти (45.2%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 412 станови, со вкупна корисна површина од 30 939 м2.