Денес Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП„Македонски Шуми“, Шумската Полиција и АД „Горска Вода“ на платото пред Жичарата на Средно Водно, започна со реализација на традиционалната превентивна кампањата – „Лето без пожари“.
Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од истите и на тој начин зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Активностите се реализираа на тој начин што од страна на полициски службеници, на претходно избрана локација, се пристапуваше кон укажување на граѓаните за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на истиот. По краткото укажување во однос на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, на граѓаните бише поделен и соодветен пропаганден материјал, со цел создавање на однос кон полицијата како кон субјект кој делува во насока на заштита и помош.
Во 2013 година на подрачјето на Град Скопје регистирани се вкупно 47 пожари и тоа во јуни девет, јули 15 и август 23, додека во лани регистрирани се вкупно 20 пожари, од кои во јуни шест исто толку и во јули , додека во август осум пожари.
Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на повеќе локации на подрачјето на Град Скопје, каде има зголемена фреквенција на луѓе и возила, а со самото тоа и зголемен ризик од предизвикување на пожари, но и големи можности за постигнување на планираните резултати.