Екс директорка на ЈПК Дебрца заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(28) од Охрид, поранешна директорка на Јавното претпријатие за комунални дејности Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во перодот од 24-ти април.2013 година до 31-ви декември минатата година пријавената иако знаела дека бил склучен договор со Друштво за производство, трговија и услуги „Буцко Петрол “ за набавка на гориво за потребите на јавното претпријатие, издавала наредби на вработените за набавка на гориво од бензинските пумпи. Набавката ја извршувала без да изготви платни налози и без одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие плаќајки ги сметките во готово, при што го оштетила ДПТУ „Буцко Петрол “ за износ од 161.239 денари.