Здружението на култура „Rosario Mele” организира лична изложба на уметникот Rosario Mele во Охрид. Изложбата ќе се одржи утре, со почеток во 19:00 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев”.
Истата ќе биде отворенa до 20-ти јуни во следните часови: 09:30 – 12:00 и 18:00 – 21:30.
Оваа изложба има за цел и го означува враќањето на Rosario Mele, надреалистички уметник, единствен во светот кој открил и реализирал текниката на “изгорена хартија”.
„Имавме желба да ја донесеме во Охрид, Македонија – место со природна убавина, неверојатна истовремено и мистериозна и магична – еден дел на Италијанската култура, за да се создаде еден однос со неверојатни вредности со тоа македонското. “– велат од Здружението на Култура „Rosario Mele”.