Еден човек отишол кај видовита жена.
– Кажи ми ти дали ќе одам во рајот или во пеколот? – ја запрашал.
– Во пеколот, гледам многу си му згрешил на Господ! – рекла жената.
– Ама како!? Јас не сум згазнал ни на мравка! – се налутил човекот.
Изреволтиран од одговорот на жената излегол да прошета покрај реката. Гледа некое дете кајшто се дави, а мајка му вика по помош.
– Ајде штом одам во пеколот дај да направам некоја добрина! – извикал човекот.
Скокнал во реката и го спасил детето, веднаш и го однел на мајка му, а таа радосна му вика на детето:
– Ајде Хитлерче сине, речи му фала на човекот!