Утревечер по 14-ти пат започнува „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели.

„Традицијата на одржување на Канеофест трае веќе 14 години, а по 4-ти пат е под покровителство и организација на ТВ Морис од Охрид. Гласањето ќе оди преку публика и преку стручното жири кое што ќе биде составено од музички професори. За (фолк вечерта), утревечер пријавени се околу 22 новокомпонирани композиции, авторски дела, кои ќе се натпреваруваат меѓу себе за прва, втора и трета награда и Граднд При. Имаме и неколку гости во ревијалниот дел, кои што ете ќе бидат едно изненадување на гостите, кои што ќе уживаат додека се бројат гласачките ливчиња“ – истакна на денешната прес-конференција, уметничкиот директор на фестивалот, Кристина Алексиеска.

Според извршниот директор на Канеофест, Јован Трпески, фестивалот заживува.

„Без оглед  на традиционалниот однос на Канеофест, кој се одржува по 14-ти пат, испадна дека всушнот ние го заживуваме кога пред 4 години направивме фестивал само со 8 песни. Веќе наредната година дозволивме и прилив на фолк мелодии, што на некој начин успеавме да ја исполниме вечерта. Лани се случи дури да направиме две вечери. Истото се случува и годинава, значи 40 новокомпонирани, новонастанати песни, што испаѓа дека е добра поткрепа за македонскиот музички фонд. Песните се заштитуваат во ЗАМП, авторите се заштитени и што повеќе се емитуваат тие веќе тие си го гледаат и сопствениот интерес во нив. Оваа година ни е многу полесно, со оглед на помошта која ни ја додели општина  Охрид.  Значи под закрило на општината, фестивалот работи, доволно колку да не се почувствуваме за осамени, затоа што претходните 3-4 години навистина се изнамачивме. Ние се надеваме дека тоа ќе го оправдаме пред Локалната самоуправа и се надеваме дека ќе бидат со нас и наредната година.“– рече Трпески.

Фестивалот „Канеофест“ има техничка сопственост на материјалните добра, обезбеди сопствена сцена, сопствено озвучување, како и сопствено осветлување.

„Покрај ТВ Морис,  за оваа прилика ќе биде снимен фестивалот и ќе биде понуден на национални телевизи, засега ТВ Сонце ќе го емитува, покрај нашата телевизија. Сакаме фестивалот крајно да биде близок до крајните потрошувачи, до слушачите на забавна и народна музика, која што за оваа прилика навистина предвидува еден фонд на песни, што ќе заслужат внимание дури до национално ниво. Фестивалот веќе поприма национален карактер, со оглед на тоа дека имаме учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Битола,  Прилеп, Кичево и се разбира тука се нашите локални момчиња кои пеат во градов.Предвидени се неколку признанија. Покрај трите награди што ќе ги додели жирито и публиката ќе имаме и Гранд При на вечерта, ќе имаме награда за најдобар текст, награда за сценска изведба, награда за најдобар аранжман итн. ТВ Морис од Охрид ќе им вети бесплатно снимање на музички спот на сите учесници на „Канеофест“ “– додаде Трпески.

Канеофест ќе биде затворен на 28 јуни (недела) со поп вечерта, во 21:00 часот,  каде што ќе се бираат најдобрите забавни композиции. Пријавени се околу 20-тина новокомпонирани композиции. Најавен е  збогатен музички ревијален дел со многу гости од земјата.

Организаторите ги покануваат сите оние кои сакаат да уживаат во добра музика и кои што сакаат да се забавуваат да бидат дел од овогодинешното издание на „Канеофест“2015.

PressKaneoFest2015_02

kaneo_fest_2015_400

WebOhrid